Синоќа автопатиштата се преполни со снег, а никој не ги чисти. Двоцениската пракса продолжува и оваа зима. Како што соопштува порталот А1он патници за нивниот медиум коментираат дека од Охрид до Кичево се вози за два и пол часа и дека воопшто не е безбедно
Дали конечно некој ќе покрене одговорност за тие што ја презеле обврската да ги чистат автопатиштата и за што добиле огромни суми пари од државата?
Забраната за патнички возила на планинскиот премин Ѓавато сè уште е на сила. Исто така, на сила се и забраната за тешки товарни возила и автобуси на патниот правец Тетово – Попова Шапка. Забрана за тешки товарни возила има и на патните правци Струга – граничен премин Ќафасан, крак Маврово – Дебар, крак Стража – с. Колари и обратно, како и на планинските премини Пресека, Буково и Ѓавато.
Сите патни правци под снег, има ли кој да ги чисти?
Вечерва автопатиштата се преполни со снег, а никој не ги чисти. Двоцениската пракса продолжува и оваа зима. Патници за А1он коментираат дека од Охрид до Кичево се вози за два и пол часа и дека воопшто не е безбедно.http://a1on.mk/archives/853560
Posted by A1on.mk on Tuesday, February 13, 2018
Врнежите од снег предизвикаа проблеми и на Стража. Патот не е исчистен и многу возила останаа блокирани крај и на патот. Според изјави на очевидци, завеани се камиони и автомобили, а среде патот има заглавено комбиња.
Освен снегот, сообраќајот на Стража го отежнува и маглата. Според последните информации од АМСМ, видливоста е намалена до 100 метри.
Врнежи од снег има во Тетово, Попова Шапка, Гостивар, Стража, Маврово, Прилеп, Охрид, Струга, Ресен, Крушево, Кичево, М.Брод, Буково, Ѓавато, Плетвар, Пресека и Железнец.
ВИДЕО + Вест – А1он.мк