Експремиерот Никола Груевски на неговиот Фејсбук профил објави дека пратеничката Лилјана Поповска барала од него нејзниот зет да биде ослободен од притвор. Како што пишува тој, за притворот на зетот на Поповска дознал лично од неа, на средба во Владата која што се одржала по нејзино барање.
Груевски пишува дека излегувањето на пратеничката Поповска од коалицијата „За подобра Македонија“ се должи токму на фактот што одбил да се меша во работата на судот и обвинителството.
„Јас како премиер, прв пат дознав дека зетот на пратеничката Лилјана Поповска е притворен од неа лично, три месеци откако бил притворен, на средба во Владата која се одржа по нејзино барање.
На таа средба и на неколку други подоцна, пратеничката Поповска бараше од мене, нејзиниот зет да биде ослободен од притвор.
До ден денеска мислам и уверен сум дека иако таа тоа експлицитно не го кажа, излегувањето на пратеничката Лилјана Поповска од коалицијата „За подобра Македонија“, се должи токму на фактот што одбив да се вмешувам во работата на судот и обвинителството.
Тоа беше мој принцип како премиер и законска обврска.