Според извори блиски до Јунајтед, стратегот на англискиот фудбалски клуб Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо во разговор со управата на клубот но и со играчите од клубот веќе во неколку наврати се фалел дека и покрај тоа што сите очекуваат трансфер на Азар во Реал, неговиот следен фудбалски дом ќе биде токму Олд Трафорд.
Неофицијално, Мурињо зборувал за тоа дека веќе разговарал со управата на клубот од која побарал да ги обезбедат сите финансиски средства кои се потребни за трансферот на Азар во Јунајтед бидејќи како што и самиот велел, тој ќе биде човекот кој би бил вистински лидер на тимот.
И покрај тоа што во повеќе наврати името на Азар се поврзуваше со кралскиот клуб, сепак Мурињо не сака така лесно да се откаже од неговите услуги, по што ќе му гарантира се што е потребно за истиот да ја освои Златната топка, а од него да направи најдобар играч на светот.
Дали ваквите шпекулации би можеле да бидат вистинити и дали Азар би можел да премине во еден од поголемите ривали на Челси, останува да видиме…