6.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Бигорскиот манастир го пречека Радев со ѕвон на камбаните и со добредојде

Бигорскиот манастир го пречека претседателот Румен Радев со ѕвон на камбаните, многубројно граѓанство и добредојде.

Бугарскиот претседател беше пречекан лично од игуменот на најголемиот македонски манастир Партениј и епископ Тимотеј. Тие ги пречекаа и двајцата бугарски митрополити Пловдивски Николај и Старозагорскиот Кипријан. Монасите од манастирот му ставија на митрополитот Николај мантија.

Румен Радев и двајцата бугарски митрополити минаа низ мноштвото народ и се упатија кон храмот.

Игуменот на Бигорски манастир се обрати специјално кон бугарскиот претседател и гостите: „За нас е голема чест и во исто време ви благодариме, уважуван претседател Радев дека токму вие сте првиот претседател на друга држава кој го посетува илјадолетниот Бигорски обител. Веруваме дека оваа посета не е случајна. Светиот и славен пророк Јован Крстител, на кој му служиме, не замоли од името на Бог – првиот човек на некоја друга држава, кој да го посети неговиот древен манастир, да биде од братска Бугарија „.

Отец Партениј истакна дека не станува збор за случаен настан, бидејќи во текот на оваа година се навршуваат 1000 години од основањето на Охридската архиепископија, а нејзиниот прв архиереј Јован Дебарски е творец на манастирот, чиј игумен е тој.

„Ние цврсто веруваме дека вашата посета е јасен доказ дека нашиот најблизок бугарски народ и неговата влада ќе продолжат да го поддржуваат напредокот на Република Македонија не само на домашен план, но и на меѓународната сцена. Оваа несебична поддршка ќе покаже уште еднаш кои се вистинските пријатели и браќа на македонскиот народ и неговата држава. Во вашето присуство тука, го гледаме братството на целиот бугарски народ „, истакна архимандрит Партениј.

Во говорот пред бугарскиот претседател тој истакна дека сослужението меѓу БПЦ и МПЦ-Охридска архиепископија ќе го зацврси братољубието и духовните врски меѓу нашите два сродни народа. Игуменот Партениј посебно се заблагодари на Неговата Светост Патријархот Неофит и Светиот Синод на БПЦ дека испратиле свои претставници.

„Искрено се надевам дека духовното сродство меѓу бугарскиот и македонскиот народ ќе остане засекогаш. Затоа, богољубиви архиепископи, нашата заедничка света должност е да продолжиме со инспиративнота дело на љубов и единство. Најсовршениот израз на оваа братска љубов е заедничкото сослужение. Такво единство ќе биде благословено од Бога и нема причина да се плашиме „, истакна Игумен Партениј.

Митрополитот Николај се заблагодари за братските чувства со кои биле пречекани.

Бугарскиот претседател откако го подари бележникот на Васил Левски и спомените на бугарскиот патријарх Кирил, седнат на владичкиот трон во храмот рече: „Многу добро ја знаеме историјата на манастирот, што сте правеле и што правите во моментов. Ќе ја пренесам топлината со која ме примивте во Бугарија „.

Бугарскиот шеф на државата беше поздравен во манастирот според црковниот канон.

Извор: Татковина 

поврзани објави

Последни објави