14.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Иванов и Радев заедно ќе го следат марширањето на бугарската војска и припадници на македонската војска

Бугарскиот сајт OFF NEWS јавува дека за првпат, странска воена единица ќе учествува на парадата на 6-ти мај во Софија. Претседателот Румен Радев договара со својот македонски колега Ѓорге Иванов во строгиот центар на Софија заедно со бугарската армија да земат учество и припадници на македонската војска.

За првпат на парадата на бугарската војска, која се оддржува секоја година на 6 мај- Денот на бугарската армија, покрај военото аташе, гостин ќе биде и претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов. Потоа двајцата со неговиот колега Радев ќе ги посетат бугарските воени гробишта во Ново Село Струмичко, каде ќе им оддадат почит на загинатите војници во Првата светска војна.

Румен Радев е во официјална посета на Македонија, и ова е негова прва посета на земјата по потпишувањето на Договорот за пријателство, соработка и добрососедство меѓу двете држави. На средбата на двајцата претседатели беше договорено како продолжение на Договорот за добрососедство меѓу двете држави да биде потпишан и Договор за стратешко партнерство, кој ќе ја регулира меѓусебната поддршка на двете земји во сферата на безбедноста и одбраната.

НАТО се очекува да испрати покана до Македонија да пристапи во Северноатлантскиот пакт откако ќе биде постигната спогодба за спорот со името на ОН.

По средбата со Иванов, бугарскиот претседател рече дека за бугарската земја е важно во идното име на Македонија да нема географски одредници кои ќе  можат да бидат протолкувани како претензии кон Бугарија.

поврзани објави

Последни објави