21.8 C
Skopje
Friday, July 11, 2025

ФРАПАНТАН ПОДАТОК Гвардиола за само 21 месец потроши повеќе од Венгер во текот на цел менаџирање со Арсенал

Пеп Гвардиола минатата недела стигна и до првиот трофеј откако е на клупата на Ман. Сити. Бившиот стратег на Барселона и Баерн познат како голем трошач, во текот на целиот свој мандат на Камп Ноу потроши дури 350 милиони евра на засилувања.

Вистина, тоа добро му се исплатеше – три пати беше првак на Шпанија, а стигна и до трофеј во Лига на шампиони. Со слична пракса продолжи и Баерн, каде што потроши дури 420 милиони евра на засилувања.

Педантните Англичани пресметаа дека Арсен Венгер во истиот период на новите играчи им даде “само“ 230 милиони евра. Меѓутоа, францускиот стручњак дури во последно време почна да троши огромни суми на пари за засилувања, бидејќи е позната неговата филозофија да развива млади играчи.

Така излегува дека Венгер во изминатите 21 година на засилувања потрошил помалку него што Пеп Гвардиола потрошил во текот на својот краток мандат на “Етихад“. Имено, Арсен Венгер, сметајќи ги и споменатите 230 милиони евра, во изминатиот период потроши нешто помалку од 400 милиони евра. А трофеи имаше, и те како во минатото…

Инаку, Пеп во неделата во финалето на Карабао Куп во потполност го надмудри Венгер и Сити славеше со 3-0, додека веќе во четврток Французинот има прилика да му возврати во првенството и тоа на “Емирати“.

поврзани објави

     

Последни објави