4.8 C
Skopje
недела, февруари 1, 2026

Лукаку со уникатна идеја: Напаѓачот на Јунајтед ја прозва Премиер лигата и достави интересен НБА предлог (Фото)

Ромелу Лукаку ги воодушеви фановите на Манчестер Јунајтед со својата претстава на дерби дуелот со Челси кој се одигра изминатиов викенд, а осоколен од погодокот и асистенцијата која ја имаше до Лингард, сега напаѓачот на „црвените ѓаволи“ испрати уникатен предлог до одговорните луѓе во ФА и Премиер лигата.

Белгискиот напаѓач е познат љубител на кошарката и особено на НБА лигата, а сега од најдобрата кошаркарска лига во своетот доби несекојдневна идеја и излезе со интересен предлог до водечките луѓе на фудбалот во Англија.

Сите добро знаеме дека во НБА лигата секоја сезона се одржува традиционалниот „Ол-стар“ викенд кој служи како спектакл за најголемите фанови на овој спорт, а Лукаку сега предложи дека еден сличен натпревар треба да се направи во Премиер лигата каде двата тима ќе бидат поделени на Север и Југ.

Идејата на Лукаку експресно наиде на многу одобрувања на социјалните мрежи, а дали воопшто ФА и Премиер лигата ќе му одговорат на ова останува само времето да покаже. Инаку, ако во некој случај дојде до ваков спектакл, Југот во Премиер лигата ќе го сочинуваат играчи од тимовите на Арсенал, Челси, Тотенхем, Вест Хем, Кристал Палас, Бурнмаут, Брајтон, Саутемптон, Ватфорд и Свонси, додека од Севереот би се избирале најдобрите играчи од Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити, Ливерпул, Евертон, Лестер, ВБА, Хадерсфилд, Барнли, Стоук и Њукасл.

 

Извор: Дерби

поврзани објави

Последни објави