12.8 C
Skopje
Friday, July 11, 2025

АБРАМОВИЌ ЗНАЕ КАКО: Челси најде начин како ќе го задржи Азар

Најдобриот фудбалер на Челси Еден Азар можеби ја игра својата последна сезона во дресот на Сините, но само можеби…

За Белгијанецот одамна се интересира Реал Мадрид од кој на лето се очекува да тргне во најголема “офанзива“ до сега, а на Челси ќе им биде тешко да одоли на богатата понуда која би требала да стигне од Мадрид.

Но, ставот на Абрамовиќ е повеќе од јасен – сака да го задржи Азар по секоја цена, тој знае колку е важен овој играч за клубот, а британските медиуми јавуваат и дека го нашол вистинскиот начин за да го оствари тоа.

 

Челси на Азар ќе му понуди продолжување на договорот и неделна плата од 300. 000 фунти, со што ќе го направи најплатен играч во Премиер лигата после Алексис Санчез ( 500. 000) но пред Пол Погба (290. 000)

FOTO

Сега останува да почекаме да видиме дали Азар ќе прифати понуда од својот актуелен клуб со што ќе го продолжи својот договор или пак можеби не би одолеал на понудите кои ќе дојдат од страна на кралскиот клуб и ќе побара да замине…

поврзани објави

     

Последни објави