8.8 C
Skopje
вторник, ноември 18, 2025

АБРАМОВИЌ: Не само што Азар нема да замине, туку благодарение на играч од Реал ќе го имаме најдобриот напад…

Рускиот тајкун и сопственик на Челси, Роман Абрамовиќ според последните шпекулации во британските медиуми, е поцврсто решен да го задржи белгискиот репрезентативец на Стемфорд Бриџ. Како што пишуваат британските медиуми, Азар бил повикан на разговори каде што отворено му е понудено да биде втор најскапо платен играч во Англија.

Но, покрај ваквите информации, во медиумите се шпекулира дека сопственикот на Челси наводно рекол дека не само што нема да го пушти Белгијанецот во Реал, туку и ќе купи играч од Мадрид кој што ќе му помогне да бидат најдобар напаѓачки тандем во светот.

Според медиумите, станува збор за Кристијано Роналдо кој веројатно ќе го напушти Мадрид на лето, а негова следна дестинација е Островот. За португалецот интерес пројавуваат управите на Сити и Челси, меѓутоа со оглед на ривалството меѓу двата клубови од Манчестер, се поверојатно е дека Сините од Лондон имаат поголеми шанси да го придобијат еден од најдобрите фудбалери во светот.

Дали ова е можно и дали ќе се оствари останува да видиме…

поврзани објави

Последни објави