28.8 C
Skopje
Friday, July 11, 2025

ГИГС анализира: Бидете трпеливи, еве што го мачи Санчез….

По трансферот во Манчестер Јунајтед чилеанецот Алексис Санчез е на мета на критики, меѓутоа и анализи од страна на многу познавачи на фудбалот, како и од страна на веќе докажани фудбалски легенди на црвените ѓаволи.

Па така, некогашниот лидер на тимот Рајан Гигс се обиде да анализира што е тоа што го мачи Санчез и зошто тој се уште не го изразил својот потенцијал.

Мислам дека досега тој е добар. Неговите соиграчи се уште се обидуваат да пронајдат што тој сака да игра, а што не преферира. Понекогаш е потребно и малце подолго време за да тргнат работите“, смета Гигс.

Санчез во Јунајтед дојде како бесплатен трансфер, во замена за Хенрик Микитаријан кој отиде во спротивен правец кон Лондон.

поврзани објави

     

Последни објави