Гери Невил, легендата на Манчестер Јунајтед, ја нарече срамна играта на Арсенал против Сити, а посебно жал му падна поради солзите на еден мал навивач.
Арсенал во финалето на Карабао Купот беше поразен од 3-0 од Сити, а најтажната сцена на натпреварот беа солзите на еден навивач од Лондон. Можеби и на играчите им е сеедно, но на малиот не му е се исто кога станува збор за клубот.
Расплакано момче со црна капа и наочари стана илустрација на реалноста на Арсенал, а набрзо истиот доби поддршка од легенди во фудбалот, поранешни играчи на Арсенал, па и самиот првотимец на клубот Мохамед Елнени не можеше да остане имун на ова.
Погледнете го Рамзи како се шета на теренот, а погледнете го потоа детето што плаче. Поради тебе и сите навивачи ќе се бориме да ви ја вратиме насмевката на лицето“, напиша играчот на Арсенал.
Се чувствуваме како ова мало момче, напиша за оваа фотографија голманот на Арсенал кој е на позајмица во Гетафе – Емилиано Мартинез.