25.8 C
Skopje
Friday, July 11, 2025

Покетино: Меси? За мене секогаш број еден ќе биде некој друг

Маурисио Покетино пред извесно време го спореди Муса Дембеле со играчи од рангот на Роналдињо, Окоча и Марадона, а колку всушност го цени овој последниот од тројцата набројани најдобро ни докажа со својата последна изјава која ја даде за италијанското радио ЦРЦ.

Во разговорот, менаџерот на Тотенхем проговори за шансите на неговиот тим во повратниот дуел со Јувентус во Лигата на шампионите, но исто така и за двајцата најдобри аргентински играчи во историјата на фудбалот.

– Меси? За мене секогаш број еден ќе биде некој друг, неговиот претходник. За мене Марадона секогаш е на прво место, – порачува Покетино и додава.

– Јувентус е колектив составен од фантастични играчи. Ќе биде многу отворено како и на првиот меч. Ние имаме уште многу арбота пред нас. Резултатот од првиот меч е одличен, но и натаму нема фаворити. Сите карти се отворени за патникот во четвртфиналето, – смета менаџерот на Тотенхем.

поврзани објави

     

Последни објави