15.8 C
Skopje
петок, октомври 24, 2025
spot_img

Бугарската амбасада во Скопје со свечен прием го одбележа 3 Март- државниот празник на Република Бугарија (ГАЛЕРИЈА)

spot_img

Синоќа во хотелот Александар Палас во 19 часот во организација на бугарската амбасада во Скопје се одржа традиционалното одбележување на 3 Март, државниот празник на Република Бугарија. На свечениот прием присутни беа голем број на државни функционери меѓу кои, Никола Димитров- министер за надворешни работи, Радмила Шекеринска – министер за одбрана на РМ, министерот за внатрешни работи- Оливер Спасовски, министерот за култура- Роберт Алаѓозовски, министерот за евроинтеграции- Бујар Османи, министерот за здравство д-р Венко Филипче, министерот без ресор Едмонд Адеми, претседателот на Собранието на Република Македонија -Талат Џафери, градоначалникот на Град Скопје- Петре Шилегов и претставници на целиот дипломатски кор.

Од редовите на ВМРО-ДПМНЕ беа поранешниот градоначалник на Скопје- Коце Трајановски, Петар Богојевски и Силвана Бонева. На одбележувањето присуствуваа и претставниците на Иницијативниот Комитет на Граѓанско Демократската Унија, Петар Колев, Александар Попоски, Диме Петкоски и Ѓорѓи Трендафилов.

Неговата Екселенција, амбасадорот на Република Бугарија, г-дин Иван Петков го отвори настанот со пригоден говор поврзан со државниот празник на Република Бугарија. Во својот говор амбасадорот Петков акцентираше врз заедничката иднина на Република Бугарија и Република Македонија во евроатланското семејство. Амбасадорот испрати порака до присутните за потребноста од заедничко делување во борбата за подобра иднина на двете братски држави

ФОТО
ФОТО
ФОТО
ФОТО

 

поврзани објави

         

Последни објави