Кси Џинпинг, кинескиот претседател има намера да го укине уставното ограничување на претседателската власт на два мандати, со што би си отворил простор за доживотно останување на чело на Кина и Комунистичката партија.
64-годишниот Кси, според моменталниот Устав, мора да отстапи од власт во 2023. година, десет години по доаѓањето на власт. Но, тој очигледно мисли дека тоа не е му е доволно.
Веројатно најмоќниот кинески лидер од Мао Це Тунг веќе ја зацврстил својата власт на 19. партиски конгрес минатата пролет, кога во одборот не именувал ниеден потенцијален наследник, и сам си обезбедил втор мандат како главен секретар на Партијата, а во повелбата на партијата е вклучена и неговата политичка филозофија “социјализам со кинески карактеристики за новото време”. Кси уште во 2012. година најавил дека повторно ќе го постави “Средното кралство”, што е историското име на Кина, во центарот на светските настани, а минатата година во својот говор на партискиот конгрес прогласил доаѓање на нова ера во глобалната кинеска моќ.
Кси мисли дека единствено тој може да ја направи Кина голема
Кинескиот претседател очигледно мисли дека само тој може да ја направи Кина, која е во подем но и оптоварена со корупција, повторно голема, пишува Том Филипс за “Guardian”.
“Ова е многу значаен пресврт на Кина кон состав на власт на еден човек. Тешко е да се нагласи колку е ова голема работа за Кина и светот со оглед на важноста на Кина за глобалната економија и глобалните институции”, коментира Џуд Бланшет истражувач на кинеската политика . Кина под Кси ја заострила составната цензура и се пресметала со дисидентите и политичките ривали.
Освен зацврстувањето на моќта на внатрешен план, Кси очигледно има намера да обезбеди доминантна улога за Кина и на надворешен план. Неговата широко разгласена иницијатива “Појас и пат” – мрежа за трговија и сообраќајна инфраструктура која го следи древниот Пат на свилата, би можела радикално да го засили геополитичкото влијание на Кина во време кога американскиот претседател Доналд Трамп ги доведува во прашање клучните сојузи и меѓународните институции на кои се темели американската хегемонија.
Кина би можела да ги повтори катастрофалните грешки од времето на Мао
Меѓутоа, се поставува прашањето дали Кина ќе ги повтори трагичните грешки од средината на 20. век, кога култот на личноста, со прифаќањето на самоволието на Мао, довело до катастрофите познати како Голем скок напред и Културна револуција, во кои од глад и државен терор настрадале десетици милиони луѓе. И додеа селаните масовно умирале од глад, речиси никој не се осудил да му каже на Мао дека неговиот голем проект на индустријализација и земјоделска колективизација пропаднал. А и денес академците се помалку се склони да го изразуваат мислењето кое не се поклопува со тоа на партиското водство, медиумите го фалат својот лидер, а критичарите се затвораат и осудуваат.
“Постои ризик ова да стане култура на дворјани, на Кси да му се зборува тоа што сака да го слушне. Не мора да биде така, но ризикот е реален и вознемирувачки за тие во и надвор од Кина”, предупредува професорот Ник Бисли од австралискиот Универзитет Ла Тробе.
Враќање кон “тотална диктатура”
Токму поради катастрофата под Мао, неговиот наследник Денг Ксиапинг, која ја либерализирал кинеската економија и ја отворил на светот, вовел колективно водство и политбиро и ограничување на претседателскиот мандат, за да се обезбеди лесна смена на власт. Кси сега работи на демонтирање на тие мерки, а неговите слогани за “кинескиот сон” и “големата преродба на Кинеската нација”, многу потсетуваат на слоганите од времето на Мао. “Нервозата поради неговата позиција би можела да го натера Кси да предизвика пошироки пресметки и политички чистки”, смета Том Раферти, регионален менаџер за Кина од “Economist Intelligence Unit”.
Сепак, за оние на кои политичката слобода и плурализмот им се пониско на листата на приоритети, зацврстувањето на Кси на власт има потенцијално добри страни: искоренување на неконтролираната корупција, добивка за сиромашните селани или дури и кинеско преземање на водството за борбата против климатските промени.