4.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

ГАТУЗО посочи дека не сака да го слушне овој збор од своите играчи пред утрешниот натпревар, инаку ќе биде многу лошо…

Големото „Дерби дела Мадонина“ секогаш привлекува посебно внимание во италијанската спортска јавност и традиционално го дели градот Милано на два дела, а овојпат, двата тима ќе пристапат на оваа пресметка во далеку поразлично расположение и форма.

Сепак, искуството во бебзрој пати ни покажало дека моменталната форма не мора ништо да значи на вакви градски пресметки, а тоа го потенцираше и Рино Гатузо кој пред своето второ дерби со Интер како тренер одби да наоѓа изгори за тоа што неговиот тим играше 120 минути пред само два дена.

Џенаро го посочи зборот „замор“ како единствениот кој не сака да го чуе од своите фудбалери се до почетокот на дербито со Интер, бидејќи според него, самиот дуел против градскиот ривал треба доволно да ги подигне фудбалерите и да заборават на се што се случило претходно.

– Мора да бидеме приземјени и да имаме максимален респект кон Интер. Мора да знаеме што треба да направиме. Тие имаат простор за да се лизнат и да направат кикс, но ние немаме. Не можеме да погрешиме. Тоа што не сакам да го слушан од моите фудбалери е зборот замор. Нема никакво алиби, тоа не смее да биде алиби. Сакам да видам 11 играчи кој ќе бидат напалени до коска. Ако сакаме да мислиме на пласман во Лигата на шампионите, тогаш ова за нас е финале. Вложуваме се во овој дуел, а единствено се плашам од тоа што луѓето велат дека ние сме фаворити. Тоа не е случај, тие се седум бодови пред нас, – вели Гатузо во најавата за утрешното дерби кое се игра во 20:45 часот.

поврзани објави

Последни објави