-0.2 C
Skopje
Tuesday, January 21, 2025

Нешто е матно околу смртта на Давиде Астори: Воена полиција влезе во клубот

Триесет и едногодишниот Давиде Астори ова утро бил пронајден мртов во хотелската соба во Удине, град во кој Фиорентина попладнево требаше да го одигра својот првенствен меч со Удинезе на „Дачија арената“. Клубот од Фиренца во шок и со голема и неизмерна тага пренесе дека нивниот капитен за жал не се разбудил од сонот откако вчера си легнал без никаков проблем, а првичните претпоставки кои пристигнуваат од Италија се дека станува збор за срцев удар.

Во саботата вечерта играл „Playsation” и после 23 часот легнал да спие и веќе не се разбудил, починал во сон од срцев удар.

Воената полиција и Карабињерите го распрашувале голманот Марко Спортиело, кој бил последен од фудбалерите кои биле во контакт со Астори. Дополнителен разговор бил направен и со претставниците на клубот и со лекарската екипа на клубот.

Астори кој беше капитен на Фиорентина им се приклучи на „виолетовите“ во 2016 година, а претходно ги носеше и дресовите на Рома и Милан, а имаше и 14 настапи за најсилната италијанска репрезентација како централен дефанзивец.

Извор: Дерби.мк

поврзани објави

Последни објави