27.8 C
Skopje
Friday, July 11, 2025

Свети Андрес верува во чудо за натпреварот со Челси

Капитенот на Барселона Андрес Иниеста се надева на чудо, откако се здоби со повреда при победата од 1:0 над Атлетико Мадрид во текот на викендот.

Фудбалерот беше заменет уште во првото полувреме откако доби повреда. Според шпанските медиуми Иниеста ќе биде надвор од терените меѓу три и четири недели, што автоматски значи и отсуство од најважниот натпревар меѓу Челси и Барселона на 14-ти март.

Но, фудбалерот има надеж дека ќе се случи чудо и дека тој сепак ќе биде во можност да игра на натпреварот. Во следните денови ќе стане јасно колку е сериозна повредата на Иниеста и дали ќе биде подготвен за следниот натпревар.

поврзани објави

     

Последни објави