9.8 C
Skopje
четврток, ноември 20, 2025

Мурињо во Барселона! Го краде еден од подобрите играчи на Барса…

Самуел Умтити се уште не може да најде заеднички јазик со управата на Барселона, а великаните од Премиер лигата стојат од страна и чекаат свој момент.

Пред сите, искусниот Жозе Мурињо е тој кој што навистина е ангажиран околу ова прашање и истиот има желба да го украде играчот на Барселона, бидејќи клаузулата е мизерни 60 милиони евра.

Англиските медиуми денеска пренесоа дека Мурињо будно ја следи ситуацијата, и Јунајтед се подготвени во секој момент да искешираат 60 милиони евра, ако Умтити не биде задоволен од понудените услови.

Играчот има договор со Барса до 2021. година, но изгледа уште не е пронајдено решение околу годишните примања.

Јасно е дека Барселона не смее да допушти да остане без ваков играч и дека управата мора под итно да му ги исполни барањата, бидејќи Умтити е најдобар и најмлад стопер и иднина на екипата, со 24 години.

Барселона можеби преживеа заминување на Нејмар, го донесе Кутињо, летото Дембеле, но тешко дека би можеле да донесат замена за Умтити, кој е донесен со 25 милиони евра од Лион.

поврзани објави

Последни објави