9.8 C
Skopje
Sunday, November 24, 2024

Хилари Клинтон: Жените маршираат за нашите права

Кандидатот на демократската партија на претседателските избори во САД, Хилари Клинтон, денес на својот Твитер профил се заблагодари на учесниците на маршот во Вашингтон поради тоа што како што вели таа „се будат, зборуваат и маршираат за нашите вредности“ и додаде дека тое е „еднакво важно како и до сега“.

Во Вашингтон се собира се поголем број на жени, а во јавниот превоз преовладува голем метеж. Тие се незадоволни од ставовите на новиот претседател на САД, Доналд Трамп, околу прашањето за здраството, абортусот, културната разновидност и климатските промети.

Актерката Америка Ферер на толпата во Вашингтон и порача дека новоизбраниот претседател не е Америка, туку тоа е народот.

„Денес маршираме за моралната вредност на оваа нација, против која нашиот нов претседател започна војна. Нашето достоинство, нашиот карактер, нашите права се загрозени, а платформата на омраза и поделба вчера ја презеде власта“, вели Ферер.

Градските власти велат дека очекуваат да се соберат до 500.000 жени, што е двојно повеќе од првичните проценки.

Во уште 600 градови низ светот организирани се „сестрински“ маршови, кои имаат за цел да ги истакнат правата на жените, за кои демонстранките во Вашингтон веруваат дека би можеле да бидат загрозени со новата администрација.

поврзани објави

Последни објави