Љубчо Георгиевски ќе биде предложен за почесен граѓанин на градот Охрид ! – дознава „Охрид 1“ од извори во Локалната, каде засега само усно биле информирањи за оваа иницијатива од страна на претставници на ВМРО НП кои се дел од коалицијата која владее со Охрид.
Како што пишува порталот оваа иницијатива преточена во точка наскоро ќе се најде на дневен ред пред советниците.
ВМРО НП во моментов на политичката сцена е самостоен политички субјект за чија поддршка и соработка се натпреваруваат најголемите македонски политички субјекти.