25.8 C
Skopje
Friday, July 11, 2025

Еве во кој англиски клуб требаше да заигра Давиде Астори

Тренерот на фудбалерите Маурисио Покетино истакна дека бил многу тажен кога дознал за смртта на играчот Давиде Астори и откри дека пробал да го ангажира додека бил менаџер на Саутемптон.

Покетино на конференцијата за новинарите пред натпреварот против Јувентус во осмина-финалето од Лигата на шампиони почна така што изрази сочуство до сите луѓе кои го сакаат Астори.

Тоа е голема трагедија. Се сретнав со него пред пет години, бидејќи имав идеја да го донесам во Саутемптон. Беше сјајна личност, одличен професионалец, прекрасен играч“, рече Покетино за британски медиуми.

“Бев многу вознемирен поради веста дека починал… ја делиме болката со сите во Италија и Фиренца, целата своја енергија ја праќам на неговото семејство“, додаде Покетино.

Давиде Астори, фудбалерот на Фиорентина и репрезентацијата на Италија, умре ноќта помеѓу сабота и недела. Вчерашната аутопсија покажа дека Астори умрел од срцев удар.

поврзани објави

     

Последни објави