25.8 C
Skopje
Friday, July 11, 2025

ВМРО-ДПМНЕ: Законот за двојазичност не е дел од реформите кои Македонија треба да ги реализира

„ВМРО-ДПМНЕ била и ќе остане конструктивна и посветена на евроатланските интеграции на државата.

ВМРО-ДПМНЕ секогаш ќе даде поддршка за законите кои гарантираат подобар стандард и ни помагаат на нашиот пат кон ЕУ и НАТО. Законот за двојазичност не е дел од евроатланската перспектива на државата.

Законот за двојазичност не е дел од реформите кои треба да ги реализира Република Македонија.

Веруваме и очекуваме дека СДСМ и владејачкото мнозинство конечно ќе се посветат на европската агенда и реформските приоритети. Тоа што досега декларативно го говореа, време е да се реализира во пракса. Впрочем и високите европски претставници во повеќе наврати нагласија дека законот за двојазичност не е дел од реформскиот процес.

ДУИ се тие кои ја блокираат работата на Собранието и ги попречуваат реформите, преку условување на целокупната работа на Собранието со носење на еден закон дури и преку обид тој да се изгласа со целосно кршење на деловникот и законите“ се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

поврзани објави

     

Последни објави