Кралскиот клуб успеа да ги исфрли од осмина-финалето Парижаните кои важеа за едни од фаворитите за овогодинешната титула на Лига на шампиони.
Многу искри имаше синоќа на терен, а во центарот на вниманието беше некогашниот играч на Барселона, Дани Алвес.
Бразилецот влезе во конфликт со Роналдо, кој сакаше да го удри откако Алвес го оттурна. Очигледно десниот бек не му го заборави тоа на Роналдо па истиот му врати на еден многу гнасен начин по што ги избриша своите мрсули од дресот на португалецот.








