9.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Алегри има една желба пред ждрепката: Само нив да не ги извлечеме

Масимилиано Алегри и неговиот Јувентус синоќа победија на натпреварот со Тотенхем со резултат од 2:1 и на тој начин се изборија за пласман во четврт-финалето од Лигата на шампиони.

Иако англискиот тим беше тој кој прв поведе на овој натпревар, Бјанконерите покажаа карактери и на крајот со головите на Игуаин и Дибала направија пресврт, и осигурааа место меѓу најдобрите екипи на стариот континент.

За ждрепката тренерот на Јувентус вели:

– Единствената екипа која сакаме да ја избегнеме е Барселона. Секоја година Барселона, мислам дека ни е доста од тоа“.

Каталонскиот клуб допрва треба да се пласира во четврт-финалето, бидејќи следната недела го игра реванш натпреварот против Челси. Во првиот дуел одигран на Стемфорд Бриџ резултатот беше 1-1.

поврзани објави

Последни објави