13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Дескоска во честитка за 8 Март: Образованието клучна алатка за промовирање целосна рамноправност

Образованието е клучна алатка за промовирање целосна рамноправност помеѓу жените и мажите и за искоренувањето на стереотипите, соопшти Министерството за образование и наука по повод 8 Март кој, како што наведува, не потсетува на борбата на жената за нејзината рамноправна улога во општеството, жртвата и борбата за политичка, економска и социјална рамноправност.

– За да изградиме општество еднакво за сите, потребно е секој ден да се бориме за унапредување на родовата еднаквост и кршењето на традиционалните родови улоги. На секој ваш час, при секој контакт со учениците имајте на ум дека вие имате голема улога во формирањето и обликувањето на ставовите кај младите, ставови кои подоцна стануваат дел од нив како возрасни, им порачува министерката Рената Дескоска на наставниците.

Во честитката за 8 Март таа нагласува и дека заедничка одговорност е да се пренесуваат заложбите за еднаквост и недискриминација низ секоја наставна содржина.

– Ве повикувам активно да придонесувате за градење систем кој ќе ги поддржува ученичките во нивното развивање како нови лидерки во општеството, пишува во честитката на Дескоска.

поврзани објави

Последни објави