20.8 C
Skopje
Saturday, October 26, 2024

ВИДЕО: Живеела 122 години правејќи се спротивно од советите на лекарите

Французинката Жал Калмен живееше неверојатно 122 години и пет месеци, а почина во август 1997 година.

Својата долговечност, како што раскажуваше, ја должи на тоа што правела се спротивно од советите на лекарите.

Пушела цигари, пиела алкохол, најчесто црвено вино и обожувала благи работи и црвено месо.

Никогаш не доручкувала, освен што пиела кафе, а за време на својот живот срушила многу рекорди.

На 111. години станала најстарата жива личност во Франција, а на 113. најстарата во светот. На 114 година била најстарата личност која што се појавила на филм, благодарејќи на улогата во филмот „Винсент и јас“ од 1990 година.

На 116 година станала првата личност за која е забележано дека ги доживеала тие години, а кога наполни 120 година го објави музичкиот албум наречен „Љубовница на времето“.

Кога наполни 122 години ја доби официјалната титула најстара личност што некогаш живеела.

До 109 години, Жан живеела сама во својата куќа, а потоа се преселила во дом за стари лица.

Благодарение на активниот живот долго била витална. Како што раскажува таа, од 85тата година започнала секој ден да станува во 6.45 наутро со изговарање на молитва. Потоа вежбал, а по туширањето, со помош на медицинскиот персонал се мачкала со масилново масло.

За ручек често јадела говедско месо, а по ручекот палела цигара.

Нејзините негователи раскажуваат едка често се жалела дека храна ѝ нема вкус и барала пржени и зачинети оброци.

Била омажена за Фернандо Калмен во 1896 година и биле во брак се до неговата смрт во 1942 година.

Пред смртта била речиси целосно слепа, но со оглед на староста, со релативно добро здравје.

поврзани објави

Последни објави