20.8 C
Skopje
Saturday, October 26, 2024

Милчин во „Само вистина“: Не знам во кој сегмент Владата е ефикасна

Не сум сигурен во кој сегмент е ефикасна Владата. Вака одговори режисерот и екс директор на ФООМ Владимир Милчин, на поставеното прашање од водителката во емисијата „Само вистина“ на Канал 5.

„Не сум сигурен каде е ефикасна. Немам податок за тоа дека негде е ефикасна. Тука е проблемот. Погледнете што се случува со здравството, со социјалата, во културата и така натаму. Сегде чкрипи“, рече Милчин.

Според него, Владата многу ветувала, а сега нема толку остварувања.

„Колку брзо се забораваат ветувањата. Помалку ветувајте, повеќе остварувајте. Сега нема остварување. Не гледам дека денеска има повеќе правда отколку што имаше во времето на режимот. Добро, има разлика во медиумите, повеќе се отворени и нема спектакуларни апсења. Точно е и дека сега повеќето невладини се стишени. Мислам дека дел од нив се уште набљубудаат, но молчењето нема да трае уште долго. Оваа Влада нема да има толку време ко Владата на Груевски, нема толку долго да биде поштедена од критики и реакции“, рече Милчин.

Тој се осврна и на процесот за името за кој рече дека се водел нетранспарентно и граѓаните на евентуален референдум не би можеле да одлучат за одреден предлог бидејќи реално не ги знаеле деталите и не биле информирани за преговорите. Додаде дека Заев бил изложен на уцена за решавање на името од страна на германската канцеларка Меркел.

За најавената нацрт-спогодба со која следната недела треба да пристигне грчкиот шеф на дипломатијата во Скопје, Милчин рече дека во таа спогодба нема да има нешто што би било прифатливо за Македонија.

поврзани објави

Последни објави