25.8 C
Skopje
Tuesday, April 22, 2025

Мурињо сака да го опустоши Тотенхем

Манчестер Јунајтед, на чело со Жозе Мурињо, но и самото раководство на тимот од „Олд Трафорд“ наголемо се подготвува за летниот трансфер период.

Португалскиот менаџер на тимот веќе има неколку желби за засилувања, а интересно неколкумина се од ривалот  Тотенхем.

„Црвените ѓаволи“ на „петлите“ на лето сакат да им ги купуат Тоби Алдервеирелд, Дени Рос и Ерик Даер.

Јунајтед и претходно се обидуваше да го купи Даер, меѓутоа „Спарси“ не сакаа да го продадат својот играч, но летото носи нови предизвици и нов интерес од Манчестер.

Челниците на екипата од „Олд Трафорд“ ќе испрата понуда за одличниот играч за врска од 55 милиони фунти. Исто така се верува дека ќе има понуда и за Алдервеирелд и Рос, па Мурињо би можело поприлично да го опустоши тимот од Лондон.

Извор: СпортКлуб

поврзани објави

Последни објави