4.8 C
Skopje
Saturday, November 30, 2024

КУЌАТА НА ЗДРАВСТВОТО СЕ ГРАДИ ОД ТЕМЕЛ А НЕ ОД ПОКРИВОТ!

 

Како прво треба да се има процена на човечки ресурси на терен т.е. примарно здравство нивните капацитети и можности да одговорат на новите предизвици со постојаните измени и дополнувања на мој термин.Нивните организациски временски и просторни капацитети.Мој термин и кај матичните лекари за нивните пациенти а понекогаш по 50 до 70 “прегледи” во еден ден.Да не се заборава дека и лекарот и сестрата се луѓе.

Ако се има во предвид дека општеството речиси да нема приоритет околу здравственото образование и подигнувањето на здравствената свест и култура,права и обрски на нашите сограѓани тешко ќе оди имплементирањето на постојаните измени во мој термин.
Понекогаш и јазичните бариери помеѓу лекар и пациент водат до незадоволителен резултат околу третманот на пациентите.
Одкако ке имаме малку појасна слика за вистинската состојба за македонското здравство тогаш можеме да поминеме на вториот чекор-секундарно здравство-неговите ресурси и капацитети да одговори на потребите на пациентите.
На крај врвот или терциерно здравство исто така неговоите капацитети и можности а не да се надитруваме со матичните лекари кои ги советуваат своите пациенти доколку имаат потреба од лекарска помош наместо нивните семејни лекари да ги лекуваат тие ги советуваат одете директно на клиника таму ке ве примат без упат за преглед.Тоа е немилосрдно трошење на скапоцениот медицински персонал кој секојдневно исчезнува по малку но сигурно.
Затоа доколку овој или сличен протокол за хиерархиски подредувања на работата и улогите на секое скалило се прескокне тешко дека во таквото безредие некој да добие соодветна здравствена помош.

Автор: Д-р Енсер Јусуфоски, член на ИК на ГДУ

поврзани објави

Последни објави