Нема да биде чудо ако во Грција се случи фудбалска војна во следните недели до крајот на сезоната.
Тукушто се смирија страстите од одземените бодови на ПАОК, денеска се случи нов скандал. Во дербито на колото против АЕК, стадионот Тумба беше исполнет до последното место. Голема борба и гол во 90. минута за домашниот тим.
Гол за титула, но додека фудбалерите на ПАОК се радуваа, а на АЕК не знаеја каде се, главниот судија одлучи да го поништи бидејќи кога стрелецот Варела шутирал, еден негов соиграч бил во офсајд.
Одеднаш страстите зовреа, никој во ПАОК не можеше да верува што се случува. Капак на се беше влегувањето на теренот на газдата на клубот Иван Савидис кој сакаше да се пресмета со судиите. До крајот остана само судиското продолжение, но ни тоа не се одигра бидејќи имаше обиди за тепачка.
Каков ќе биде епилогот од овој меч ќе се знае наскоро. Нема да биде чудо ако новиот шампион биде одлучен на зелена маса.
Извор: СпортКлуб