Антоан Гризман ја игра веројатно последната сезона во дресот на Атлетико Мадрид, бидејќи откупната клаузула во неговиот договор во јуни ќе биде намалена од 200 на 100 милиони евра, што нема да биде голем проблем за клубовите што се заинтересирани за Французинот.
Според извештаите во Шпанија, тој веќе се договорил да ѝ се приклучи на Барселона, па дури и дека неговата девојка вила да разгледува куќи во Барселона.
Капитенот на Атлетико Габи изгледа дека се помирил со заминувањето на Гризман, па упати една молба до напаѓачот.
– Сè што барам од него е да игра како секој натпревар да му е последен во животот додека е со нас. Само барам од Гризман да го брани овој дрес како што заслужува. Сфаќам дека не секој играч тука го има Атлетико во срцето и може да го промени клубот и нема потреба да критикуваме, ниту да распнуваме некого поради тоа – кажа Габи.