Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, изјави дека е среќен по вчерашната победа против Ливерпул, а воедно и задоволен од изданието на своите избраници, особено во првото полувреме. „Црвените ѓаволи“ одлично започнаа и со двата гола на Рашфорд поведоа со 2-0, за да во вториот дел Ливерпул успеа само да намали на конечни 2-1.
Ние бевме подобри во првиот дел, а Ливерпул во второто полувреме. Нашето полувреме беше подобро, имавме контрола врз играта и сосема заслужено победивме. Не ме интересира што мислат другите и коментираат дека не ја заслуживме победата. Малку сме уморни и баш ми е гајле што мислат другите. Јас и мојот тим сме пресреќни од победата“, изјави Португалецот.
Следен предизвик за Манчестер Јунајтед е реванш натпреварот на „Олд Трафорд“ од Лигата на шампионите против тимот на Севиља. Првиот меч игран на „Санчез Писхуан“ заврши 0-0.