По се позасилените шпекулации за можно заминување на белгискиот репрезентативец Еден Азар во кралскиот клуб од Мадрид, тој во разговор со пријателите од Лондон истакнал дека неговите мисли се на реванш натпреварот меѓу Челси и Барса кој ќе се одигра на Камп Ноу.
Според шпекуалциите изнесени во тамошните медиуми, Азар нагласил дека неговите мисли се на Камп Ноу, а не на Сантиаго Бернабе.
Азар размислува и работи напорно за триумф на реванш натпреварот помеѓу Челси и Барселона. Тој нема намера да обраќа внимание на гласините за негово заминување во кралскиот клуб е и максимално фокусиран на неговите работни обврски како фудбалер во Челси.
Резултатот по првиот натпревар на Стемфорд Бриџ е 1:1, а каталонците во среда на Камп Ноу ги пречекуваат Челси во реванш осминафиналниот натпревар од Лигата на шампионите.
https://www.youtube.com/watch?v=O_X_IfXxbio