Џанлуиџи Буфон беше навистина емотивно потресен пред почетокот на вчерашниот меч меѓу Јувентус и Удинезе во Торино, а причина за тоа секако беше прераната смрт на неговиот добар пријател Давиде Астори од кого во четвртокот се поздрави за последен пат.
Искусниот Џиџи не можеше да ги сопре емоциите и се расплака за врме на минутата молк која се одржа во чест на незаборавниот капитен на Фиорентина, а еден ден по случувањата во Фиренца, Буфон одлучи уште еднаш да искаже каква личност и каков играч загуби италијанскиот фудбал.
– Одењето во Фиренца за Јувентус никогаш не е едноставно, но кога пристигнавме на погребот, видовме луѓе со виолетови шалови кои ни аплаудираа, кои ни се заблагодарија за тоа што не ги оставивме сами. Се почувствував многу горди во тој момент. Денот кога беше погребан Давиде го доживеав на многу посебен начин. Тоа беше последно збогум не само до добар пријател, туку до еден од најубавите и најдобрите луѓе кои некогаш сум ги сретнал во фудбалот. Сите кои го познаваа, веднаш ја запознаа неговата чистина и неговата добра душа. Тој беше неверојатно момче, тој беше противотровот во италијанскиот фудбал, а за жал останавме без него. Горд сум што го познавав и горд сум што оваа недела неговото име се прочу онака како што заслужува, – вели Буфон.