4.8 C
Skopje
Saturday, November 30, 2024

Трајко Славевски: Владата на СДСМ е неподготвена, бавна и некоординирана во економските политики

Славевски е загрижен поради тоа што поради забавениот и мал раст на економијата мината година, стагнираше и намалувањето на невработеноста, односно наместо да има тренд на намалување како минатите години нивото остана непроменето.

Трајко Славевски, поранешн министер за финансии и актуелен член на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, во емисијата „Без ракавици“ на Алфа ТВ, жестоко ги критикуваше економските политики на владата на СДСМ. Славевски истакна дека катастрофалните економски резултати на новата влада се резултат на нивната неподготвеност, бавност и некоординираност во економските политики.

Отстуствува координирачката улога на премиерот Заев, забележа тој.

Славевски говореше и за реалните проблеми на граѓаните, односно за намалување на платите минатата година и намалувањето на средствата со кои располагаат граѓаните.

-Загрижува еден факт што започнува еден процес на реално намалување на платите. Ако се погледнат податоците декември 2017 година во однос на декември 2016 година ќе видиме дека трошоците за живот, едно мерило за стапката на инфлација, пораснале со над 2 проценти додека кај платите има раст 1.8, 1.9 проценти. Растот во платите најмногу се должи на административниот пораст на минималната плата, тоа не е резултат на раст на продуктивност, тоа е еднократен ефект. И сега кога заради некои мерки како што беше порастот на минималната плата, може да се очекува дури и забрзување на инфлациските очекувања. Во тој случај и вработените малку ама се чувствува може да почувствуваат намалување на куповната моќ, заклучи професорот.

Професорот Трајко Славевски говореше и за проблемите со кои тој се соочил во 2006-та година кога станал министер за финанси. Тој вели дека затекнал ситуација каде невработеноста изнесувала огромни 38 проценти.

Според професорот, намалувањето на невработеноста во изминатите 10 години на 20 проценти се должело на намалување на сивата економија, намалувањето на даноците и намалувањето на придонесите. Славевски е загрижен поради тоа што поради забавениот и мал раст на економијата мината година, стагнираше и намалувањето на невработеноста, односно наместо да има тренд на намалување како минатите години нивото остана непроменето.

поврзани објави

Последни објави