Холандската фудбалска легенда Руд Ван Нистерлој остана запаметен како еден од најдобрите напаѓачи кои го носеле дресот на оваа екипа последните децении. Според автобиографијата на Алистер Кемпбел, поранешен ПР на британскиот премиер Тони Блер и човек кој имал многу пријатели меѓу политичарите, џет-сетот, но и во фудбалската елита, Руд Ван Нистерлој го напуштил Олд Трафорд поради неговите навреди упатени кон португалецот Кристијано Роналдо кој бил миленик на тогашниот легендарен тренер на Јунајтед Сер Алекс Фергусон.
Ван Нистерлој бил во конфликт со португалецот, знаел често да го навредил, по што кога за ова дознал Фергусон го испратил дома, за подоцна да го стави на трансфер листата, со цел да го напушти клубот.
Сепак, Фергусон е во пензија, а Кристијано Роналдо веќе повеќе години е вон теренот од Олд Трафорд, додека пак Руд Ван Нистерлој кој од 2012 година замина во пензија, според неговите пријатели, чувствува дека е ова е вистинскиот момент за враќање на Олд Трафорд.
Според одредени информации изнесени во англиските медиуми, тој се сретнал со Жозе Мурињо, тренерот на Црвените ѓаволи и разговарале за опцијата Ван Нистерлој да му се придружи како помошник тренер со што ќе внесе свежина и дополнителна мотивација на клупата на Јунајтед.
. Физички неможам да ги издржам напорите и не можам да го давам максимумот. Горд сум на колективните и индивидуалните титули кои ги освоив во текот на кариерата и што играв во големи клубови, изјави фудбалската легенда пред заминување во пензија.
Доколку има вистина во ваквите написи, тогаш би било интересно да видиме каква ќе биде реакцијата на навивачите на Јунајтед, на кои сигурно им недостасуваат времињата кога Руд Ван Нистерлој го носеше дресот на клубот.