12.8 C
Skopje
Friday, July 11, 2025

Бугарскиот Претседател Радев: БПЦ треба да води сметка за нашата блискост со Македонија

Претседателот на Р. Бугарија г. Румен Радев денес, како одговор на прашањето на Агенцијата БГНЕС дали ги поткрепува заложбите на БПЦ за признавање на независноста на МПЦ- Охридска архиепископија и заедничкото сослужение меѓу двете цркви, меѓу другото кажа: „Тоа прашање е целосно во прерогативите на БПЦ. Но, како што гледате и можеби помните, за време на мојата официјална посета на Република Македонија јас бев со двајца почитувани бугарски митрополити. Едниот од нив беше Пловдивскиот митрополит Николај, а другиот Старозагорскиот Кипријан“. Потоа додаде: „Тука државата не може да се меша, но кога православните цркви ќе го решаваат ова прашање треба да се води сметка дека од двете страни на границата меѓу Република Бугарија и Република Македонија ние имаме заеднички имиња, ние имаме заедничка историја, ние имаме заеднички празници и сме исклучително блиски. Нека води сметка за тоа и црквата“ – изјави државната глава на Р. Бугарија.

поврзани објави

     

Последни објави