27.8 C
Skopje
Friday, July 11, 2025

СЕ ОГЛАСИ И СОПСТВЕНИКОТ – РЕВОЛВЕРАШ! Јас сум жртва на болен систем!

Сопственикот на ПАОК Иван Саввидис успеа да се најде во центарот на вниманието на светската јавност откако во неделата вечерта влета на теренот со пиштол, видно изреволтиран на судиите од натпреварот со АЕК.

Се започна кога во 90. минута Фернандо Варела погоди за водство на ПАОК од 1-0, а судијата Георгиос Коминис покажа на центарот, за да после само неколку секунди го поништи голот поради наводен офсајд, но не на Варела туку на неговиот соиграч Маурисио.

Следуваше општ хаос на теренот, фудбалерите и стручниот штаб на ПАОК жестоко протестираа, навивачите беа испровоцирани и дивеаа на трибините, а шоу го надополни сопственикот на клубот кој влезе на теренот тражејќи своја правда, со пиштол на себе.

– Знам дека немав право да влезам на теренот на таков начин. Реагирав така поради целокупната негативна ситуација во грчкиот фудбал и поради што се случи на крајот од мечот. Јас, моето семејство и моите колеги сме жртви на болен систем на фудбалот во Грција“, започна тој, па додаде:

Не сакав да наштетам никому од АЕК, како ниту на судиите. Поради тоа што се случи после голот, сакав само да ги заштитам илјадниците навивачи од нередот. Ќе продолжам да се борам за чесен фудбал и на тој начин да се добиваат натпреварите, а не по теркот на судиските одлуки.

Грчкиот министер за спорт Јоргос Василадис после состанокот со премиерот Алексис Ципрас одлучи да забрани одигрување на натпреварите во Суперлигата на неодредено време, а за овој случај ќе се ангажираат и од ФИФА и УЕФА, така и полицијата.

поврзани објави

     

Последни објави