Докторот на Баерн Минхен Ханс-Вилхелм Милер-Волфарт наскоро ќе објави книга за сите случувања кои ги доживеал додека работел во баварскиот клуб.
Тој во својата книга пишува и за екс тренерот на Баерн Гвардиола, со кого имаше голем конфликт по што го напушти клубот.
Пеп Гвардиола е човек кој има многу ниска самодоверба и прави се за да го сокрие тоа од луѓето. Поради тоа изгледа како постојано да живее во некој страв. Не му е страв од поразите колку што му е страв од губење на моќта и авторитетот“, пишува меѓу останатото Милер-Волфарт во својата книга и додава:
„Сакаше во се да биде најпаметен, упорен беше дека загревањата од пет минути се доволни за играчите. Нашиот однос никако не можеше да заврши добро. Мене ме гледаше како некој кој прима наредби без оглед какви се. Еднаш ми пукна филмот, урлав и се дерев по него и удрив силно со тупаница во масата. Тогаш сфатив дека морав да одам што е можно подалеку“.