25.8 C
Skopje
Friday, July 11, 2025

Ерера: Би потпишал Сити да биде шампион, но само доколку…

Шпанскиот интернационалец од редовите на Манчестер Јунајтед, Андер Ерера, во интервју за британските таблоиди, даде една интересна констатација околу Манчестер Сити.

Тој запрашан за тоа како му стојат работите со идниот шампион во Англија, односно дали го гледа Сити веќе како шампион, Ерера даде една интересна изјава.

Тој потенцира дека би потпишал со две раце Сити да освои уште сега Премиерлига, но само под еден услов.

Не размислувам многу за Сити, само за Јунајтед. Да се освои Премиерлига е сигурно големо остварување, но исто така ЛШ да освоите е уште поголемо достигнување“.

„Доколку некој каже дека Сити ќе освои титула во Англија, а ние во Европа, би го потпишал тој договор (документ) веднаш“, истакна Ерера.

поврзани објави

     

Последни објави