8.8 C
Skopje
среда, октомври 15, 2025

По поразот на Челси се огласи БАЛАК: Истата стара приказна (ФОТО)

Челси доживеа убедлив пораз од 3-0 на гостувањето кај Барселона во Лигата на шампионите, пораз кој на „сините“ им донесе елиминација од најелитното натпреварување.

Главниот збор на „Камп Ноу“ го имаше Лионел Меси со два гола и една асистенција, но и сините имаат добри моменти, игра која за нивна несреќа не успеаа да ја крунисаат со голови. На дуелиот имаше и една спорна ситуација во која беа инволвирани Пике и Маркос Алонсо при што „сините“ бараа пенал, но не го добија од арбитарот Скомина.

Ова беше повод за Германецот, Михаел Балак да се огласи на социјалните мрежи, поточно на Твитер каде напиша:

-Истата стара приказна, -алудирајќи на дуелиот од 2009 година кога Овребо драстично ги оштети „сините“ во битката со каталонците.

поврзани објави

         

Последни објави