28.8 C
Skopje
Friday, July 11, 2025

Ван дер Сар: Роналдо тренира „како луд“ – не ме оставаше да си одам дома после тренинг

Напорната работа е она што го прави Кристијано Роналдо еден од најдобрите фудбалери во историјата. Петкратниот освојувач на „Златната топка“ руши рекорди со секоја измината сезона, а тајната за неговиот успех се долгите часови на тренинг и фокусот на деталите во секој дел од неговата игра.

Многу негови соиграчи се восхитуваат на неговата посветеност, а поранешниот голман на Манчестер Јунајтед, Едвин ван дер Сар, неодамна изјави дека Португалецот тренира „како луд“.

Kога во 2005 година се преселив во Манчестер Јунајтед наидов на двајца млади фудбалери кои тренираа „лудачки“ – Вејн Руни и Кристијано Роналдо. Но, и помеѓу нив можеше да се забележи разлика, бидејќи Роналдо беше на повисоко ниво кога се работи за самостојниот тренинг. Дури и по секој тренинг тој беше целосно посветен да биде подобар од останатите. Се сеќавам после секој напорен и интензивен тренинг заедно со Сер Алекс Фергусон, Роналдо ќе ме молеше да останам уште неколку минути меѓу стативите. Му велев да земе некој од младинските голмани, но тој инсистираше тоа да бидам јас. Сакаше да тренира баш против мене“ , вели легендарниот холандски репрезентативец.

Извор: Гол.мк

поврзани објави

     

Последни објави