25.8 C
Skopje
Friday, July 11, 2025

РАСЧИСТЕНИ СИТЕ ДИЛЕМИ: Куртоа посочи каде ќе настапува следната сезона

Првиот голман на премиерлигашот Челси, Тибо Куртоа се огласи и ги расчисти сите дилеми и прашања околу тоа за чиј дрес ќе го носи во наредната кампања.

Куртоа кој од 2011 година е официјално дел од таборот на „сините“ се уште го нема продолжено договорот кој му завршува во 2019 година, а во меѓувреме се поврзува со враќање во Шпанија, поточно со трансфер во Реал Мадрид.

-Јас сум посветен на Челси. Имам договор до следната година и јас ќе бидем тука. Ќе го дадам најдоброто од себе. Да, договорот се уште не е продолжен, но мислам дека не е вистинско време за тоа. Подобро е да почекаме до крајот на сезоната. Се што можам да кажам дека сум му посветен на Челси, а исто сум посветен и за следната година, -порача Тибо за „Ивнинг Стандард“.

поврзани објави

     

Последни објави