25.8 C
Skopje
Friday, July 11, 2025

Меси призна: Порано бев многу себичен, сега..

Лионел Меси уште еднаш ја воодушеви светската спортска јавност со својата претстава на „Камп Ноу“ за време на реванш осминафиналето меѓу Барселона и Челси во Лигата на шампионите, а иако тој индивидуалниот перформанс го стави во втор план со цел да му оддаде поголемо признание на тимскиот успех, во овие денови се најде во центарот на вниманието на новинарите кои ја искористија шансата да направат интервју со големата ѕвезда.

Во своето последно обраќање за „Ла Корниса“ емисијата на аргентинската телевизија „Америка ТВ“, Меси се обиде да објасни како ја променил својата игра во изминативе години, алудирајќи на тоа дека сега е многу позрел и размислува потимски во споредба во минатото кога смета дека бил многу голем егоист.

– Порано ќе ја земев топката и ја правев акцијата која ја имав замислено за мене. Денеска се обидувам да играм за тимот и повеќе да ги разигрувам моите соиграчи. Сакам топката почесто да поминува низ моите нозе, да не бидам само вклучен во завршната фаза. Поточно, не сакам да бидам себичен како порано. Се обидувам да го раздвижувам тимот и од друга позиција, од друго место на теренот, – објаснува Меси и додава.

– Што се однесува до трчањето, трчам исто како и порано, ги минувам истите километри, но на малку подруг начин, – завршува Аргентинецот.

поврзани објави

     

Последни објави