Вилијан сезонава е несомнено најдобриот играч на Челси и на денешниот дуел против Лестер во ФА купот уште еднаш го докажа тоа.
– Мислам дека толку многу добар кога топката ќе дојде до неговите нозе. Тој ја пушта топката метар или два пред себе по неговата десна страна и невозможно е некој да го запре. Кога ќе ја добие топката во таква позиција, тој е толку брз, потребна му е помалку од секунда и за противничките играчи е предоцна. Тој веќе те поминал уште пред да сфатиш што се случило – вели Ширер.