15.8 C
Skopje
четврток, ноември 20, 2025

Мислевте дека Роналдо не може да биде оној „стариот“!? Епа, се излажавте!

Португалецот лошо ја започна сезоната, па многу помислија дека нема да го видиме на истото ниво од претходните години.

Кристијано Роналдо ја освои наградата “Златна топка“, како и ФИФА “The Best“ награда за најдобар играч во светот за 2017. година!

Сепак, актуелната натпреварувачка сезона ја започна лошо, па највеќе и поради неговите слаби игри во Реал, кралевите одамна ја загубија можноста за освојување на титулата. Сите оние кои го отпишаа португалецот, после лоша полусезона, потполно се излажаа, бидејќи мадридската легенда во 2018. година, е неверојатен!

Благодарејќи на трите негови голови на мечот со ПСЖ, во 1/8 финалето од Лига на шампиони, Реал помина понатаму, а Роналдо не застана ниту во Премиера.

Денес постигна уште еден гол, својот 19. во Премиера оваа сезона, а успеа да се најде и во листата на трите најдобри стрелци во шпанскиот шампионат.

Колку е Роналдо ефективен во тековната година, покажува и податокот дека со денешниот погодок, дојде до 18 голови во сите натпреварувања во 2018. година и со тоа стана најдобриот стрелец во лигата.

поврзани објави

Последни објави