10.8 C
Skopje
среда, ноември 19, 2025

Две момчиња истепани во центарот на Куманово

Две момчиња завршиле во болница откако ноќеска биле претепани во центарот на Куманово.

Нападот се случил во 1.30 часот по полноќ на раскрсницата од улиците „Народна револуција“ и „Илинденска“ пред пицерија. И.Ф. (21) и Н.М. (21), двајцата од Куманово, застанале со патничко возило, а по кратко време им се доближиле две непознати лица и ги нападнале.

Момчињата побарале лекарска помош во Општата болница во Куманово и кај Н.М биле констатирани телесни повреди, а И.Ф. бил препратен во комплексот клиники “Мајка Тереза“ во Скопје, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Извор: Kumanovonews

поврзани објави

Последни објави