9.8 C
Skopje
среда, ноември 19, 2025

(ВИДЕО) Ќе ве разнежни: Мајки со своите дечиња со Даунов синдром пеат на знаковен јазик

Емотивно видео, во кое 50 мајки на знаковен јазик ја пеат „A Thousand Years“ заедно со нивните дечиња со Даунов синдром, нема да ве остави рамнодушни.

Беки Карлес, една од учесничките, изјавила: „Идејата е да се променат перцепциите на луѓето. Можете да ја видите врската меѓу децата и нивните мајки во видеото. Важно ни беше да го покажеме тоа и дека не би ги промениле за ништо на светот.“

 https://www.youtube.com/watch?v=Biex1XR_mpo

Инспирацијата за стилот на снимката доаѓа од популарниот сегмент „Carpool Karaoke“ од шоуто на Џејмс Корден во кој гостите пеат во автомобил.

Видеото е создадено по повод Светскиот ден на Дауновиот синдром, кој се одбележува на 21 март.

Извор: Фемина

поврзани објави

Последни објави