Мохамед Салах е во животна форма. Фантастичниот крилен напаѓач на Ливерпул игра и постигнува погодоци и тоа незапирливо, а Египет го одведе на СП, за прв пат, после 1990 година.
Во татковината е обожаван. Офанзивецот на Ливерпул и првиот стреле на Премиер лигата е пресреќен што успеа репрезентацијата на Египет да ја одведе на долгоочекуваното СП, но и затоа што успева да помогне преку хуманитарни акции и донации кои се потребни во татковината.
Во историјата на земјата, тој се запиша со драматичниот гол од пенал, кога во судиска надокнада заби за победа од 2:1 над Конго со кој Египет го осигура првото СП после 28 години.
Во клубот е фантасичен во текот на целата сезона, но последниот натпревар, пред три дена против Ватфорд, беше за памтење. Тогаш во победа од 5:0 против Ватфорд постигна четири голови.
Така, дојде до бројка од 32 голови за Ливерпул оваа сезона. Сјајна броја и за шпицот, напаѓачот, “центрафорот“, додека за крило како што е Салах е всушност спектакуларна.
Мобилниот оператор Водафоне одлучи да направи штета на сам себе, за да би го славел Салах, пренесува хрватски индекс.
Англиските медиуми пишуваат дека за секој гол на Салах нивните корисници во Египет се наградуваат со 11 бесплатни минути. Секако, тој број на дресот го носи Салах.
https://www.youtube.com/watch?v=gWhWYvAgdl0