7.8 C
Skopje
Saturday, October 26, 2024

КОСТА VS РАМОС: Не само што ќе се тепаме, кога се во прашање дуелите, подготвен сум и на …

Двете големи фудбалски ѕвезди Серхио Рамос и Диего Коста најавија неверојано луд склучен договор меѓу нив двајца, а тоа е дека на големото дерби меѓу Реал и Атлетико 8 април ќе се тепаат на теренот.

Ваквата изјава на напаѓачот на Атлетико

 секако предизвика многу комични коментари и реакции во јавноста на Пиринеите, а по крајот на натпреварот кој го одиграа Германија и Шпанија (1:1), со одговорт на оваа тема излезе и капитенот на Реал Мадрид и шпанската фудбалска репрезентација.

Рамос ја потврди теоријата на Коста, со тоа што покрај тепањето, посочи дека е подготвен и да го гризне противникот доколку биде потребно на големото дерби.

– Нема никаков сомнеж, ние сега сме многу добри пријатели и имаме фантастичен однос. Но, кога е во прашање дербито, ако некој треба да гризне некого, тогаш ќе го направи тоа, – јасно порачал дефанзивецот кој со ова само потврди дека ќе гледаме вистинска „војна“ на теренот на „Сантијаго Бернабеу“ за 15 дена.

https://www.youtube.com/watch?v=yiw8zk0vq5w

поврзани објави

Последни објави